Пари Сен Жермен (ПСЖ) е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, пишува „Сандеј Тајмс“. Според изворот на изданието, спортскиот директор на парижаните, Луис Кампос инсистира на трансфер на 26-годишниот Англичанец и веќе преговарал со фудбалерот.
Францускиот клуб верува дека напаѓачот може да го замени Килијан Мбапе, кој реши да не го продолжи договорот со тимот и на лето ќе стане слободен агент.
Маркус Рашфорд е младински играч на Манчестер Јунајтед. Во сезоната 2023/24, фудбалерот постигна 5 гола и направи 6 асистенции на 29 натпревари за тимот во сите натпреварувања.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 70 милиони евра