Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн вчеравечер постигна гол против Бохум во 22. коло од германскиот шампионат.

Англичанецот на гостувањето кај Бохум се запиша во листата на стрелците во 87. минута ублажувајќи го поразот (2:3) на неговиот тим.

За Кејн голот беше 25-ти на 22 натпревари во Бундеслигата. Тој ја достигна оваа граница побрзо од кој било друг во историјата на турнирот, соборувајќи го рекордот на поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлин Халанд (25 гола на 25 натпревари).

На оваа листа помеѓу првите пет стрелци се наоѓаат и: Уве Зелер (25 гола на 28 натпревари), Кристијан Милер (25 гола на 29 натпревари) и Лука Тони (25 гола на 33 натпревари).



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2024 14:26