Напаѓачот Луис Суарез откри дека Карим Бензема требало да потпише за Арсенал пред Уругваецот да ги прекине плановите на клубот во последен момент. Сето ова доаѓа по крајот на сезоната 2013/2014, кога Суарез одигра неверојатна сезона во која постигна 31 гол и направи 17 асистенции на само 33 натпревари во Премиер лигата.

Во обид да го финансира трансферот на Уругваецот, Реал Мадрид сакал да го продаде Бензема, а Арсенал бил многу блиску до завршување на договорот за Французинот, но Суарез потоа се одлучи да се пресели во Барселона.

- Пред Светското првенство во 2014 година, Реал Мадрид сакаше да ме ангажира и се одеше според планот. Планираа да го продадат Бензема на Арсенал, се беше средено. Кога почна Светското првенство, Барселона влезе во трка за мене и јас ја претпочитав Барса. После тоа, интересот на Реал опадна, додека Барса уште повеќе се заинтересира. На крајот ги имав двете опции, но ја избрав Барса бидејќи тоа беше мојот сон, изјави Суарез за „ДелСол“.

Арсенал се обиде и да го ангажира Суарез од Ливерпул. Тие понудија 1 фунта над неговата откупна клаузула од 40 милиони фунти, што предизвика сериозен потсмев кон тогашниот менаџер на „топџиите“, Арсен Венгер.

На крајот, Бензема остана на „Сантијаго Бернабеу“, што се покажа како одлична одлука бидејќи стана вистинска легенда во Реал, па дури и ја освои „Златната топка“.

Минатото лето 36-годишниот Французин замина во Ал Итихад за кого сезонава забележа 20 настапи со 12 гола



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2024 05:20