Ливерпул го совлада Брентфорд со 4:1 викендот, но даде две жртви. Само неколку дена пред финалето на Лига купот против Челси, Кертис Џонс и Диого Жота го напуштија теренот со повреди, што дополнително ја зголеми бројката на и онака полната „амбуланта“ на „црвените“.

Головите на Дарвин Нуњез, Алексис Мекалистер, Мохамед Салах и Коди Гакпо ги воодушевија навивачите, но Клоп беше загрижен за повредите на Џонс и Жота.

Тие им се придружуваат на Доминик Собослај, Трент Александар-Арнолд, Алисон и Тиаго Алкантара, кои исто така лечат повреди. Во меѓувреме, Клоп откри дека превентивно го извадил Нунес од игра, бидејќи и Уругваецот има некои проблеми.

Еве како изгледа листата на повредени на „црвените“ во моментов и кој се очекува да се врати на терените:

Диого Жота

Жота го напушти теренот непосредно пред паузата по удар во коленото. Португалецот беше изведен на носилки, а стадионот го напушти со патерици.

По победата, Клоп ја опиша повредата како „најлошата“ за денот. Според португалски „Рекорд“, Жота ќе отсуствува два месеци, но веста се уште не е потврдена. Крилниот напаѓач речиси сигурно ќе го пропушти финалето на ФА Купот против Челси викендов.

Кертис Џонс

Повредата на Џонс дојде по удар во потколеницата.

- Кога Кертис рече дека не може да продолжи, тоа значеше многу, рече Клоп.

Тој исто така го напушти стадионот со патерици и исто така не се знае кога ќе се врати.

Дарвин Нуњез

Авторот на првиот гол на натпреварот беше заменет на паузата.

-Го заменив бидејќи рече дека чувствува нешто. Тоа беше доволно за да го извадам од игра, објасни Клоп.

Неговото враќање е исто така под сомнеж.

Трент Александар-Арнолд

Ја пропушти победата над Брентфорд поради повреда на коленото добиена минатата недела против Барнли.

Заменик капитенот на Ливерпул ќе паузира извесно време и веќе е јасно дека ќе го пропушти финалето против Челси.

Се очекува ТАА да се врати во акција на почетокот на март.

Алисон

Повредата на бутот го исфрли Алисон против Брентфорд. Тој претходно го пропушти домашниот натпревар против Барнли поради болест.

-Ќе видиме што ќе се случи со Али, но и Квивин е одличен голман и одлично се претстави денеска, објасни Клоп по мечот со Брентфорд.

Доминик Собослај

Ги пропушти последните три натпревари на Ливерпул во Премиер лигата поради проблем со бутот. Во прашање е и за финалето против Челси.

Тиаго Алкантара

По девет месеци на теренот, Тиаго се врати и стартуваше против Арсенал, но заработи уште една повреда по само пет минути игра.

Шпанецот, чиј договор истекува на крајот од сезоната, ќе мора да помине уште малку време на опоравување, а се уште нема конкретен датум за неговото враќање.

Стефан Бајчетиќ

Постојано оптоварен со повреди, Бајчетиќ се врати во септември, но на натпреварот од Лигата на Европа против ЛАСК Линц заработи уште една повреда и моментално повторно е надвор од терените.

Жоел Матип

Закрепнува од операција на вкрстените лигаменти. 32-годишниот дефанзивец, кој исто така е речиси сигурно дека ќе го напушти „Енфилд“ на лето, можеби нема да игра повторно до крајот на сезоната.

Бен Доак

Тој долго време е надвор од терените поради тешка повреда на коленото



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2024 05:21