Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти му понуди на легендата на клубот Лука Модриќ да му се приклучи на неговиот стручен штаб, пишува „The Athletic“.
Како што е познато, на 38-годишниот Хрват му истекува договорот на лето и добива се помала минутажа, најверојатно на крајот од сезоната ќе го напушти кралскиот клуб.
Поради оваа причина, тренерот на Реал, Анчелоти, му понуди можност на Модриќ да му се приклучи на неговиот тренерски штаб во Реал Мадрид. Сепак, тоа може да се случи само доколку Хрватот реши да се откаже од фудбалот на крајот од сезоната.
Предлогот е даден пред два месеца, а „Атлетик“ информира дека Модриќ првично ја одби понудата, но се уште размислува за својата одлука, иако поверојатно е дека ќе продолжи да игра.
Во тековната сезона Модриќ има 28 настапи, еден гол и шест асистенции за Реал Мадрид во сите натпреварувања. Тој е дел од „Кралскиот клуб“ од 2012 година.