Фудбалската федерација на Македонија продолжува со вложувањето во развојот на фудбалска женска лига и во таа насока денес ја претставија идејата за брендирање и препознатливост на Прва женска фудбалска лига.
- Низ истражувањата кои ги спроведовме подготвувајќи ја стратегијата беше утврдено дека женскиот фудбал во Македонија има потреба од поголема препознаеност и видливост и тоа во сите свои сегменти, од лиги до национални тимови. Овој проект за брендирање на Првата женска фудбалска лига се однесува токму на зголемувањето на видливоста и препознатливоста на натпреварувањето кое од година в година се повеќе се развива. Искрено се надеваме дека овој прв чекор ќе придонесе кон поголема популаризација и развој на женските натпреварувања во иднина, изјави потпретседателот на ФФМ, Лазар Ракиџиев.
ФФМ очекува со ефективно брендирање на лигата да инспирира повеќе девојки да учествуваат во фудбалот.
Визијата на ФФМ е да го воспостави фудбалот во како спорт број еден за жени и девојчиња во Македонија.
-Сакаме да обезбедиме можности и иновации, со што секое девојче, девојка и жена ќе можат да уживаат, да се развиваат и да остваруваат резултати.
Имплементација на проектот во првата фаза се состои од изработка на визуелни решенија (брендинг) за стадионите од Прва женска фудбалска лига и продукција на директни преноси (стриминг) на дерби натпревари од Прва ЖФЛ