Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, верува дека шансите против Наполи во осминафиналето на Лигата на шампионите се изедначени, но неговиот тим нема да се задоволи со реми на гостувањето на стадионот „Диего Армандо Марадона“ утре.

Шпанецот не знае каква шема ќе наметне новиот тренер на „небесносините“ Франческо Калзона, кој вчера го замени Валтер Мацари, но рече дека тоа не е најважно на фудбалски натпревар.

- Мотивирани сме и се надеваме дека ќе се пласираме во четвртфиналето. Тоа е совршена сцена за да се прикаже она на што работевме. Наполи изненадувачки го смени тренерот пред 24 часа и не знаеме точно каков ќе биде нивниот пристап за овој натпревар. Како и да е, тие се шампиони на Италија и се одличен тим. Осимен и Кварацелија се играчи од највисоко ниво. Мислам дека шансите се 50-50. На вас оставам да одлучите кој е фаворит, изјави Чави.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2024 05:55