Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд синоќа постигна гол на одложениот натпревар од 18. коло на англискиот шампионат против Брентфорд.

Норвежанецот се запиша во листата на стрелците во 71. минута од натпреварот и тоа беше единствениот погодок вреден три бода за „Граѓаните“.

Така, Халанд постигна гол против секој од 21 тим од Премиер лигата со кој се соочи.

Халанд стана само вториот играч во историјата на лигата кој го направил овој подвиг. Претходно тоа му успеа на Хари Кејн кој настапуваше за Тотенхем.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2024 15:51