Спортскиот директор на Баер. Симон Ролфс, изрази денеска увереност дека Чаби Алонсо и следната сезона ќе биде тренер на бундеслигашот од Леверкузен.
„Сигурен сум дека Чаби останува. Го врзува договор и се чувствува пријатно во нашата средина“, изјави Ролфс за Спорт 1.
Реакцијата доаѓа откако дел од медиумите претходно објавија дека Алонсо од следната сезона би можел да биде тренер на минхенски Баерн или Ливерпул.
Баер оваа сезона е во трка за три трофеи. Во Бундеслигата е лидер по 22 кола со осум бодови предност пред второпласираниот Баерн, а во германскиот Куп го очекува дуел против Дизелдорф во полуфиналето.
Клубот од Леверкузен ја заврши групната фаза во Лига Европа како првопласиран и в петок ќе го дознае противникот во осминафиналето.