Шпанската фудбалска Федерација (РФЕФ) објави денеска продолжување на договорот со актуелниот селектор Луис де ла Фунте до лето 2026 година и почетокот на Мундијалот чиј домаќини ќе бидат САД; Мексико и Канада.

Продолжувањето на соработката со Де ла Фунте, кој ја презеде селекторската должност од Луис Енрике по елиминацијата во осминафиналето на Мундијалот во Катар, од РФЕФ го образложија со потребата од стабилност во репрезентацијата пред настапот на претстојното Европското првенство ова лето во Германија.

Шпанија е во групата А и за противници ќе ги има селекциите на Хрватска, Италија и Албанија.

Шпанската репрезентација под водство на Де Ла Фуенте го освои ланското издание на Лигата на нации, совладувајќи ја Хрватска во финалето во Ротердам.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2024 06:24