Англискиот фудбалски голман Џо Харт ќе ја заврши кариерата на крајот на оваа сезона, објави вечерва неговиот клуб Селтик.
Поранешниот голман на англиската репрезентација и на Манчестер сити ќе биде на 37-годишна возраст кога неговиот договор со шкотскиот клуб ќе истече на лето.
Харт ја почна сениорската кариера во април 2004 година во нисколигашот Шрузбери, а настапуваше и за Барнли и Тотенхем, Транмере, Блекпул, Бирмингем, Торино и Вест Хем. Одигра речиси 700 натпревари.
„Џо имаше феноменална кариера и знам дека многу ќе му недостасува на фудбалот кога ќе се повлече на лето, За сè што направи Џо заслужува големи пофалби и честитки, беше брилијантен во Селтик и бранеше на највисоко ниво, на домашен и меѓународен план“, рече тренерот на Селтик, Брендон Роџерс во изјава за клупскиот сајт.
Харт за англиската репрезентација настапи на 75 натпревари.