Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, зборуваше за преговорите за нов договор со клубот.
- Имав добри разговори со сопствениците на тимот. Понуден ми е нов договор, па зависи од мене. Ќе донесам одлука на крајот на сезоната, изјави Мојс за „Sky Sports“.
Мојс беше предводник на Вест Хем од ноември 2017 до мај 2018 година, по што доби отказ. Во декември 2019 година тој се врати во клубот. Актуелниот договор на 60-годишниот Шкотланѓанец е до крајот на јуни 2024 година.
Вест Хем е деветти во Премиер лигата со 36 бодови од 25 натпревари.