Нерешено 2:2 заврши дерби натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига одигран попладнево во Струга меѓу истоимената домашна екипа и Шкупи.

Буњамин Шабани во 54. и Марјан Радески во 68. минута погодија за стружани, за чаирчани во листата на стрелците се запишаа Емануел Гронер и Абдул Руатубаје во 66. и 74. минута.

Другите средби од ова коло се играат утре:

Брера Струмица – Македонија ЃП

Шкендија – Гостивар

Тиквеш – Работнички

Вардар – Брегалница

Воска – Силекс.

Шкупи со 42 и Струга со 41 бод се на водечките две позиции на прволигашката табела



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2024 07:41