Актуелниот германски фудбалски шампион Баерн Минхен го прифаќа назначувањето на Антонио Конте на крајот од сезоната.
Според инсајдерот Матео Морето, италијанскиот тренер е на потесниот список на минхенскиот клуб, но не е меѓу приоритетните опции. Актуелниот германски шампион е насочен кон потписот на Чаби Алонсо од Баер Леверкузен.
Самиот Конте би сакал да ја продолжи кариерата во Италија и чека можност да води тим од Серија А, но сепак не исклучува преселба во Баерн.
Педесет и четиригодишникот е без ангажман откако го напушти Тотенхем во март 2023 година.