Премиерлигашот Челзи го има најлошиот трансфер биланс во светот во последните пет години. „Сините“ од Лондон се во минус од 782 милиони евра.
Ова го покажува студијата спроведена од Фудбалската опсерваторија „CIES“.
Во топ 5 екипи со најлоши трансфер-салда се вклучени уште четири клуба од Премиер лигата - Манчестер Јунајтед (минус 773 милиони), Арсенал (минус 622 милиони), Тотенхем (минус 608 милиони) и Њукасл (минус 574 милиони).
Бенфика има најдобар биланс кога се во прашање профитабилни трансфери. За овој период португалскиот клуб е во плус 354 милиони евра.
Во првите пет на оваа листа се и: Ајакс (плус 349 милиони), Лил (плус 282 милиони), Салцбург (плус 262 милиони) и Спортинг (плус 220 милиони).