Поранешниот селектор на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев ја отфрли можноста за назначување за тренер на Баерн.
-Постојат различни причини за ова. Од една страна, Баерн не е заинтересиран за мене, од друга, јас самиот не сум заинтересиран да работам за Баерн. Долго бев селектор на германската репрезентација, работа тука за мене не доаѓа предвид. Патував низ земјата 17 години, ги посетив сите стадиони и добро ги познавам клубовите. Така што во Германија немам мотивација, изјави 64-годишниот поранешен тренер во интервју за „Билд“.
Лев во текот на својата тренерска кариера од позвучните клубови има работено во Австрија Виена, Карлсруе, Фенербахче и Штутгарт.
Во моментов тренер на Баерн Минхен е Томас Тухел, но по завршувањето на сезоната 2023/24, Баварците ќе имаат нов предводник.