Менаџерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола е задоволен од самодовербата што им ја влеал неговите фудбалери.

„Граѓаните“ синоќа го победија Копенхаген со 3-1 и се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

- Се пласиравме во следната рунда што е најважно. Беше тешко да се создадат многу шанси за гол бидејќи противникот беше доста организиран во одбраната. Ние сме тим кој секогаш верува дека може да победи. Пред да дојдам во клубот тоа не беше случај. Луѓето сега не почитуваат затоа што играме отворено. Раководството ми даде време и процесот дава резултати, изјави Гвардиола.

Шпанецот како голем успех го цени континуитетот во елитното фудбалско натпреварување.

- Ние се натпреваруваме со тимови како Реал Мадрид и Баерн Минхен. Не знаеме кој ќе биде нашиот следен противник, но радува фактот што седма година по ред сме во четвртфиналето на турнирот, додаде предводникот на Сити.

Каталонскиот стручњак никогаш не испаднал во Лигата на шампионите по победата на гостински терен во првиот натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2024 17:06