Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти денеска дека не регистрирала позитивен случај на допинг во 2023 година.
Како што е соопштено, лани биле земени над 2.600 примероци од фудбалери и фудбалерки.Тестирани биле 860 фудбалерки, од кои некои дури седум пати, како и 732 фудбалери.
Една година претходно ФИФА процесуираше пет дисциплински случаи поради позитивни допинг тестови на фудбалери од Костарика, Џибути, Салвадор, Хондурас и Брегот на Слонова коска.
Најновиот извештај на ФИФА е објавен една недела откако францускиот репрезентативец и член на Јувентус, Пол Погба, беше суспендиран на четири години поради допинг.