Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, имаше резерви за настапот на неговата екипа и покрај огромната победа од 5:1 на гости против Спарта Прага во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа, со што реваншот за една недела го направија само протоколарен.
-Резултатот беше подобар од перформансите. Мислам дека тоа беше очигледно. Спарта одигра натпревар со висок ризик. Можеше да се види како се подготвени за контра напади, тоа беше навистина паметно, но многу ризично како што можете да видите во резултатот. И тие ни правеа проблеми и имаа свои шанси. Не беше фантастичен настап, туку фантастичен резултат, прокоментира Клоп.
Менаџерот на Ливерпул се пошегува на прашањето дали ќе потпише со некој од играчите на Спарта Прага.
- На лето одам во пензија, сакаш да ги однесам на одмор?, праша на шега тренерот.
Како што е познато, во јануари Клоп објави дека си заминува од Ливерпул на крајот на сезоната.