Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја демантираше можноста да оди во затвор поради затајување данок.

Во шпанските медиуми се појави информација дека против Италијанецот е поднесена тужба за затајување данок. Наводно, во периодот 2014/15 година сторил финансиски малверзации од милион евра.

Анчелоти ги демантираше шпекулациите дека му се закануваат пет години затвор.

- Затвор? Тоа е стара приказна, започна пред осум години. Обвинителството мислеше дека живеам таму, што не е точно. Јас веќе ја платив казната. Јас сум невин, изјави Анчелоти.

Искусниот стручњак не е првиот обвинет за ваков тип на измами - тоа беше случај и со Кристијано Роналдо, Жозе Мурињо, Серхио Рамос и многу други.

Сите тие пред судот ја признаа вината и добија финансиски казни.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2024 23:48