Фудбалерот на Њукасл, Киран Трипие ќе пропушти најмалку два натпревари кои му претстојат на премиерлигашот поради повреда, најави денеска неговиот тренер Еди Хоу.

Трипие се повреди минатиот викенд на дуелот против Вулверхемптон (3-0) и мораше да го напушти теренот на почетокот на второто полувреме.

„Станува збор за полесна повреда, но прегледот јасно покажа дека нема да ни биде на располагање во следните два натпревари. Се надеваме дека ќесе врати во тимот веќе на првиот натпревар по завршување на репрезентативната пауза, иако тоа не е гарантирано“, рече тренерот на Њукасл.

Поради повредата Трипие најверојатно ќе ги пропушти и пријателските натпревари на Англија на крајот од март.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2024 04:38