Поранешниот фудбалер на Интер, Марко Матераци го спореди сегашниот тим на „Неро-азурите“ со тимот кој освои тројна круна во сезоната 2009/10.

- Искрено би рекол дека тие играат подобро од нас. Навистина е задоволство да ги гледаш - мора да му се оддаде признание на Инзаги како го води тимот. Покрај тоа, целиот стручен штаб е многу добар, во последните години многу ретко грешат. Целиот тим е свесен за квалитетот. Имаат изградена самодоверба, изгледаат идеално, изјави Матераци.

Тој е сигурен дека Интер ќе ја освои шампионската титула.

- Никогаш не се сомневав дека ќе го направат тоа. Бев уверен уште по финалето на Лигата на шампионите во Истанбул. Тие се многу убедливи, имаат јасна супериорност. Патот до Скудетото е чист, додека во Лигата на шампионите се е тешко и непредвидливо. Интер се претвори во машина, може без страв да игра со секого. Играчите и Инзаги го најдоа клучот, истакна освојувачот на тројната круна со Интер.

Интер во италијанската Серија А е убедлив лидер со 18 бодови предност пред второпласиранииот Јувентус и натпревар повеќе



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2024 04:24