Ливерпул на домашен терен вечерва ремизираше 1:1 со Манчестер сити во натпреварот од 28. коло на Премиер лигата.

Гостите го отворија резултатот преку Џон Стоунс во 23. минута. Домаќините се вратија во вториот дел. Алексис Мекалистер реализираше пенал во 50. минута. Пеналот го заработи Дарвин Нуњез, кој ја искористи грешката на Нејтан Аке.

Ливерпул е непоразен во петтиот премиерлигашки натпревар по ред - 4 победи и 1 реми. Серијата без пораз на тимот на Пеп Гвардиола трае 13 натпревари - 10 победи и 3 нерешени.

Ливерпул има 64 бодови и е на второто место на табелата во Премиер лигата, зад Арсенал кој исто така има 64 бода. Манчестер сити е на третото место со 63 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2024 04:44