Мохамед Салах нема да игра за Египет на пријателските натпревари во март.

Фудбалерот на Ливерпул не е повикан во националниот тим за претстојните натпревари. Салах се соочува со здравствени проблеми и денешниот натпревар со Манчестер Сити во Премиер лигата го започна од клупата за резерви. Тој во игра влезе во 61. минута.

Репрезентацијата на Египет од 22 до 26 март ќе учествува на „Winsunited Cup“. Поканети на пријателскиот турнир кој ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати се и Хрватска, Нов Зеланд и Тунис.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2024 04:44