Раководството на Лече го ослободи тренерот на тимот Роберто Д'Аверса поради инцидентот во кој удри противнички играч на последниот натпревар против Верона. По натпреварот, тренерот го удри со глава Томас Хенри.

Се започна со расправија помеѓу дефанзивецот на Лече, Марин Понграчиќ и Хенри. Двајцата се скараа на почетокот на дополнителното време, за што судијата Даниеле Киф им покажа по еден жолт картон. Но, тоа не ги смири, бидејќи веднаш по завршувањето на натпреварот двајцата продолжија со жестоката расправија. Тогаш Д'Аверса се упати кон нив и со глава го удри Хенри кој падна на теренот.

Тогаш судијата им покажа црвени картони и на тренерот и на повредениот фудбалер на Верона.

Тренерот имаше договор со Лече до крајот на сезоната. Тој го презеде тимот минатото лето и победи на само шест од 30 натпревари во Серија А и Копа Италија.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2024 11:46