Италијанскиот фудбалски прволигаш Лече му врачи отказ на тренерот Роберто Д’Аверса, кој во неделата го удри со глава играчот на Верона, Томас Анри.

„По случувањата на крајот од натпреварот Лече – Верона, клубот објавува дека го разреши од должноста тренерот Д’Аверса“, се наведува во штурото соопштение кое Лече го објави денеска на социјалната мрежа Икс.

Лече во неделата загуби на домашен терен од Верона (0-1), а во мешаницата до која дојде откако главниот судија отсвири крај на натпреварот, Роберто Д’Аверса му пријде на Анри на патот кон соблекувалната и со главата го удри противничкиот играч.

На обајцата им беше покажан црвен картон



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2024 04:51