Фудбалерот на мадридски Реал, 21-годишниот Брахим Дијаз, одлучи да во иднина да го носи дресот на Мароко, а не на Шпанија за која настапуваше во младинските категории, јавија денеска повеќе шпанските медиуми.
Според истите извори, одлуката на Дијаз е непоколеблива, темелно анализирана и без можност да биде ревидирана.
Дијаз, чија мајка има шпанско, а неговиот татко мароканско потекло, беше дел од репрезентациите на Шпанија до 17, 19 и до 21 година, а одигра и еден натпревар, пријателски, на сениорско ниво против Литванија во 2021 година.
Оваа сезона, Брахим Дијаз досега постигна четири голови за водечкиот тим во Ла Лига чиј дрес го носи од 2019 година.