Македонската фудбалска репрезентација до 19 години од 20 до 26 март ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир во рамките на Елитната рунда за пласман на Европското првенство кое следната година.
Натпреварите од Елитната рунда квалификации ќе се одиграат во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски" и на стадионот во Ѓорче Петров.
„Црвено-жолтите“ се наоѓаат во групата 7 заедно се репрезентациите на Швајцарија, Украина и Летонија.
Во рамките на првото коло Македонците ќе се соочат со врсниците од Украина.
Победникот ќе избори пласман на Европското првенство 2025 година во Северна Ирска.