Леон Горецка нема да биде повикан во репрезентацијата на Германија во март. Според „Билд“, селекторот Јулијан Нагелсман нема да го вклучи играчот од средниот ред на Баерн во составот за натпреварите со Франција и Холандија.

Нагелсман ќе направи избор во корист на 19-годишниот Александар Павловиќ. Се истакнува дека Павловиќ би можел да игра и за репрезентацијата на Србија, од каде што е неговиот татко, но фудбалерот најверојатно ќе се одлучи за Германија.

Меѓународната пауза во март ќе биде последна пред почетокот на Европското првенство 2024.

Домаќин на ЕУРО 2024 ќе биде Германија од 14 јуни до 14 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2024 14:49