Шпанскиот фудбалски прволигаш Селта Виго го раскина денеска договорот со тренерот Рафаел Бенитез, осум месеци откако беше назначен на должноста.
Селта, која е 17-пласирана на табелата во Ла Лига, „не ги постигна резултатите кои клубот ги очекуваше“ под водство на поранешниот тренер на Реал Мадрид, Челзи и Ливерпул, се појаснува во клупското соопштение.
„Клубот му изразува најголема благодарност на Рафа Бенитез и неговите помошници на искрениот и професионален однос кои го покажаа од своето доаѓање“, порача Селта.
Клубот од Виго досега собра 24 бодови, два повеќе од зоната на испаѓање.