Тренерот на италијанскиот фудбалски прволигаш Лацио, 65-годипниот Маурицио Сари, поднесе денеска оставка на должноста, јавија локалните медиуми.

Сари ја напушти клупата откако римскиот клуб изминатиот викенд загуби од Удинезе и го претрпе третиот пораз во серија.

Со 13. порази на 28. натпревари во Серија А, Лацио е деветтопласиран на табелата, а настапот во Лигата на шампиони го заврши со пораз во осминафиналето од минхенски Баерн.

Сари седеше на клупата на Лацио од 2021 година, предводејќи ги претходно Јувентус, Челзи и Наполи.

Со Челзи ја освои Лига Европа, а со Јувентус титулата во Италија, но доби отказ по само една сезона поради рана елиминација во Лигата на шампиони



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2024 05:31