Тренерот на Интер, Симоне Инзаги по поразот од Атлетико Мадрид на пенали, по кој неговиот тим испадна во осминафиналето од Лигата на шампионите, пред медиумите изјави дека не е навикнат да губи но дека треба да бидат горди на настапот во Лигата на шампионите.
Ова беше прв пораз за „нероазурите“ во последните 14 натпревари, но беше доста болен. Тренерот призна и дека ќе биде тешко да се проголта тоа што се случи.
- Очигледно сме разочарани поради сите кои се поврзани со Интер. Треба да бидеме горди на нашиот настап во Лигата на шампионите. Можевме подобро во вториот дел. Во продолженијата имавме повеќе енергија, но за жал направивме премногу грешки. По голот на Димарко работите се чинеше дека беа во наши раце, но тие брзо израмнија што им даде дополнителна енергија и самодоверба. Во тоа помогнаа и навивачите. Требаше да бидеме подобри во тој момент и да го задржиме водството подолго, изјави Инзаги.
Додаде дека не е лут на своите играчи и дека тие треба да бидат горди на постигнатото.
- Свесни сме дека малите детали ја прават разликата и на ова ниво се може да се случи, додаде стручњакот.