Вчера се одиграа последните два натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите. По нивното завршување, познати се екипите кои продолжуваат напред. Тоа се Арсенал, Атлетико Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Пари Сен Жермен и Реал Мадрид.

Со најмногу претставници во оваа фаза од натпреварувањето е Шпанија - 3, потоа Германија и Англија со по 2, како и по 1 од Франција.

По испаѓањето на Интер, Италија остана без учесник на најкомерцијалниот турнир.

Ждрепката за четвртфиналето ќе биде извршена утре, 15 март во седиштето на УЕФА во Нион, а потоа директно ќе бидат определени двојките за полуфиналето и финалето. Ждрепката ќе биде отворена и нема да има носители, исто така, нема повеќе ограничувања и секој може да се соочи со секого.

Првите натпревари од четвртфиналето ќе се играат на 9 и 10 април, а реваншите се на 16 и 17 април.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2024 15:45