Челси е заинтересиран за дефанзивецот на Баерн, Алфонсо Дејвис. Лондонскиот клуб сака да го ангажира Канаѓанецот ова лето.

За играчот активно е заинтересиран и Реал Мадрид, но Шпанците немаат намера да му платат на Баерн 70 милиони евра за играчот. Раководството на „белиот балет“ може да понуди само 50 милиони.

Актуелниот договор на Дејвис со Баерн трае до крајот на јуни 2025 година. „Трансфермаркт“ го цени канадскиот репрезентативец на 70 милиони евра.

Оваа сезона 23-годишниот дефанзивец одигра 30 натпревари за Баварците, постигнувајќи 1 гол и 3 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2024 17:13