Претседателот на Фудбалската федерација на Србија (ФФС), Драган Џајиќ изјави дека очекува ФФС да го продолжи договорот со тренерот Драган Стојковиќ Пикси до 2026 година.

-Деновиве се зборуваше за тоа, очекувам дека ќе потпишеме договор со Стојковиќ до 2026 година. Потребен е континуитет, мислам дека тоа е логичен, нормален и очекуван епилог, изјави Џајиќ.

Србија на 21 март во Москва ќе одигра пријателски натпревар против Русија, а четири дена подоцна „орлите“ ќе се сретнат со Кипар во Ларнака



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2024 18:56