Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке е блиску до обнова на договорот со клубот, објави во четвртокот италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Преговорите се во напредна фаза и двете страни се уверени дека ќе постигнат договор во блиска иднина.
Триесет и две годишниот играч од средниот ред во својата кариера досега настапуваше само за „црвено-белите“.
Репрезентативецот на Шпанија е дете на Атлетико, кој помина осум сезони во академијата на клубот.
Коке освои две шпански титули со екипата од главниот град, еден домашен куп, два трофеи во Лига Европа и стигна до две финалиња во Лигата на шампионите