Хари Кејн, кој има силна сезона за Баерн Минхен, сака Баварците да победуваат до крајот на сезоната.
Англискиот репрезентативец досега има 30 гола во Бундеслигата, но шампионот заостанува десет бода зад лидерот Баер Леверкузен на девет кола до крајот на кампањата.
-Леверкузен останува фаворит, реалноста го покажува тоа. Единственото нешто што можеме да го направиме сега е да победуваме. Имаат фантастична сезона и ние го почитуваме тоа. Се надеваме дека ќе ги добиеме нашите натпревари и можеби тие некаде ќе изгубат бодови, прокоментира искусниот напаѓач.
Кејн има вкупно 36 гола во сите натпреварувања во текот на кампањата, што е негова прва во Германија.
Роберт Левандовски, кој го носеше дресот на Баерн Минхен, го држи рекордот за најмногу постигнати голови - 41, во едно првенство во Бундеслигата. Ова се случи во сезоната 2020-21.
Баварците се пласираа во четврт-финалето на Лигата на шампионите, а во сабота на гости во германското првенство се соочуваат со Дармштад.