Англискиот прволигаш Астон Вила ќе игра против француски Лил во една четирите четвртфинални пресметки во Конференциската лига кои попладнево беа одредени со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.
Грчки ПАОК ќе игра против белгиски Клуб Бриж, додека вториот грчки претставник Олимпијакос за противник го доби турски Фенербахче. Италијанска Фиорентина за пласман во полуфиналето ќе мора да биде поуспешна од чешкиот претставник Викторија Плзен.
Првите четвртфинални дуели се на програмата на 11 април, а реваншите една недела подоцна.
Со жрепка попладнево беа одредени и полуфиналните парови во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Победникот од дуелот меѓу Астон Вила и Лил ќе игра против победникот од пресметката меѓу Олимпијакос и Фенербахче. Во второто полуфинале победникот од дуелот Олимпијакос – Фенербахче ќе игра против победникот од дуелот меѓу Клуб Бриж и ПАОК.
Полуфиналните натпревари ќе се играат на 2 и 9 мај, додека финалето е на 29 мај во Атина