Поранешниот бугарски репрезентативец и легендарен напаѓач на софиски Левски, Георги Иванов, е избран денеска за нов претседател на Фудбалската федерација на Бугарија (БФС).
Иванов ја доби поддршката на 235 од 469 делегати на Вонредното изборно собрание на кое се избираше наследник на Борислав Младенов, кој поднесе оставка во декември 2023 година.
Прославениот бугарски центарфор доаѓа на чело на БФС од должноста технички директор и одговорен за репрезентациите.
Иванов ќе раководи со бугарскиот фудбал во четиригодишен мандат, до 2028.
Негов најсериозен противкандидат беше прославениот бугарски репрезентативец Димитар Бербатов, за кого гласа 181 делегати.