Маркус Рашфорд не е на продажба. Ова категорично го соопшти Ерик тен Хаг по повод гласините дека ПСЖ покажал сериозен интерес за напаѓачот на Манчестер Јунајтед.
Се шпекулира дека француската страна е подготвена да понуди 75 милиони фунти на лето за играчот, кој има една од најслабите сезони во кариерата, што доведе до шпекулации за заминување од „црвените ѓаволи“.
Сепак, Тен Хаг беше категоричен дека Рашфорд не е на продажба, откако тој го обнови договорот до летото 2028 година, па навивачите можат да бидат спокојни.
-Минатата сезона не потпишавме нов договор со него со идеја да го продадеме. Тој мора да биде дел од овој проект и ова воопшто не е тема за која вреди да се разговара, авторитативно изјави Холанѓанецот.
Иако е далеку од неговата форма минатата сезона, Рашфорд се појави на последните 2 натпревари на Јунајтед и сепак може силно да ја заврши сезоната, а утрешното четвртфинале во ФА Купот против Ливерпул ќе биде од огромно значење за него и екипата.