Баерн Минхен победи убедливо со 5:2 на гостувањето кај Дармштад во натпревар од 26. коло на Бундеслигата.
Два гола за гостите постигна Мусиала, додека по еден Старке, Тел и Кејн.
Со својот гол денеска Англичанецот стана првиот играч во историјата на Бундеслигата кој постигнал 31 гол во својата дебитантска сезона, што е и негов личен рекорд по голови во лигата.
Така, Баварците остварија втора последователна убедлива победа откако во претходното коло го совладаа Мајнц 05 со 8:1 и ја скратија разликата од лидерот Баер (Леверкузен) на седум бода, но „аспирините“ имаат натпревар помалку.