Англискиот шампион Манчестер Сити ќе започне преговори за нов договор со Едерсон.

На 30-годишниот бразилски голман му остануваат уште две години од актуелниот договор, но сепак „граѓаните“ веруваат дека е сосема логично да се обезбедат услугите на чуварот на мрежата на уште подолг период и што е можно поскоро, пишува „Дејли Стар“.

Од неговото доаѓање од Бенфика за 35 милиони фунти во јули 2017 година, Едерсон стана редовен дел од тимот на Пеп Гвардиола и ја освои Премиер лигата пет пати, ФА Купот двапати, четири Лига купови, како и Лигата на шампионите, Суперкупот и Европа и Светското клупско првенство.

Тој несомнено докажа дека е еден од најдобрите голмани во светот, што објаснува зошто Сити толку сака да го поврзе со нов договор.

Бразилецот моментално заработува 120.000 фунти неделно, но се очекува неговата плата да се зголеми на 200.000 фунти неделно. Едерсон моментално е надвор од терените откако заработи повреда за време на минатонеделното реми 1-1 со Ливерпул.

Од „Етихад“, исто така, се надеваат дека ќе го убедат резервистот на Едерсон, Стефан Ортега да го продолжи неговиот престој. 31-годишниот германски голман, кој на слободен трансфер пристигна од Арминија Билефелд во летото 2022 година, има само уште една година од актуелниот договор. Се верува дека Ортега, кој е платен 55.000 фунти неделно, сака да биде број еден под рамката на голот и затоа е подготвен да го напушти клубот на лето.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2024 16:44