Ал-Итихад не успеа да го убеди Мохамед Салах да му се приклучи на клубот, но сега цел на клубот од Саудиска Арабија е друга ѕвезда во Премиер лигата. Напаѓачот на Тотенхем, Ричарлисон е новата мета на арапскиот тим.
Медиумите на Островот пишуваат дека клубот од Саудиска Арабија е подготвен да понуди околу 100 милиони евра. Фудбалерот е обврзан со договор со лондонскиот клуб до 2027 година.
Ричарлисон моментално вреди 40 милиони евра. Прашање е дали Бразилецот сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија во своите најдобри фудбалски години. Ричарлисон му се приклучи на Тотенхем во 2022 година по одличните игри во Евертон, а претходно играше за Вотфорд, кој беше неговиот прв европски клуб откако дојде од Флуминенсе во 2018 година.
За репрезентацијата на Бразил одигра 48 натпревари и постигна 20 голови.