Германскиот фудбалски клуб Волфсбург го отпушти тренерот Нико Ковач.

„Волците“ загубија со 3:1 на домашен терен од Аугсбург вчера, а ова беше 11-ти последователен првенствен натпревар без победа и трет пораз во низа. Шампионите од 2009 година се 14-ти на табелата и шест бода над местата за учество во баражот.

- По поразот од Аугсбург, решивме да ги прекинеме односите со Нико Ковач. Жалиме за настанатата ситуација, но веруваме дека треба да му дадеме импулс на тимот да се стабилизира, извести директорот Марсел Шефер.

Волфсбург го напушти и братот на Нико Ковач, Роберт, кој беше помошник тренер.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2024 17:19