Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн се повреди во финишот на саботниот натпревар со Дармштад (5:2) во 26. коло од германскиот шампионат. Англичанецот го напушти теренот во 82. минута, откако побара да биде заменет.

Баварците соопштија дека Кејн ќе оди на репрезентативниот собир на Англија, но не се знае дали ќе игра.

- Тој ќе биде прегледан во Англија. Има лекари на кои можете да им верувате. Ќе бидеме во тесна соработка по ова прашање. Хари нема да ризикува, го цитира „Билд“ спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд.

Селекцијата на Англија на 23 и 26 март ќе одигра пријателски натпревари против Бразил и Белгија.

Триесетгодишниот Кејн има постигнато 37 гола и 12 асистенции во 35 натпревари за Баерн Минхен оваа сезона



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2024 11:50