Поранешниот македонски репрезентативец Драган Силјаноски е назначен за директор на селекцијата до 21 година, објави денес Фудбалската федерација на Македонија.
- Навистина сум возбуден и почестен што се приклучувам на Фудбалската федерација на Македонија како нов спортски директор на репрезентацијата до 21 година. Оваа селекција, според мене, ја има клучната улога во обликувањето на иднината на нашиот репрезентативен фудбал. Тоа го потврдува блиското минато и се разбира сегашноста, ако го гледаме составот на најдобрата македонска репрезентација. И како фудбалер, но и како човек од фудбалот, секогаш сум бил посветен на зајакнување на односите меѓу сите во тимот, се со цел да се искористи потенцијалот за да се направи добар резултат. Се надевам дека со моето искуство ќе донесам некоја нова динамична енергија и во репрезентацијата до 21 година, истакна Силјановски.
Во својата долгогодишна кариера Силјановски настапуваше за повеќе македонски фудбалски клубови (Напредок, Победа, Слога Југомагнат и Шкендија), а како интернационалец кариерата ја мина во белгиски Антверпен, каде што остана да работи и по завршувањето на играчката кариера.
Младата македонска репрезентација на 21. март ја очекува нов квалификациски меч во циклусот за Европското првенство, противник ќе и биде селекцијата на Гибралтар.