Италијанскиот фудбалски прволигаш Лацио вечерва официјално за нов тренер го назначи 45-годишниот хрватски стратег Иван Тудор.

Римскиот клуб соопшти дека со Тудор договорил 18-месечна соработка.

Хрватскиот тренер доаѓа во Лацио на местото на Маурицио Сари, кому римскиот клуб му врачи отказ поради слаби резултати.

Тудор најголем дел од својата кариера како фудбалер ја мина во Јувентус, а како тренер досега ги предводеше Удинезе, Верона, ПАОК, Хајдук, Карабукспор, Галатасарај и Марсеј.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2024 04:23