Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски е задоволен од атмосферата во националниот тим. Тој очекува добри игри и позитивни резултати на двата претстојни контролни натпревара со Молдавија и со Црна Гора.

- Секогаш е одлично чувството кога одново сме во репрезентативниот дрес. Убаво е да се видиме после подолг временски период и гледаме позитивно на натпреварите кои ни следуваат. Доколку целта е да играме на големо натпреварување треба да играме со одлични репрезентации и на контролни натпревари. Молдавија и Црна Гора, а потоа и Хрватска во јуни се одличен тест за нас, треба да дадеме се од себе, да ги слушаме насоките на селекторот, да се фокусираме на стратегијата и се разбира, да се воигруваме за следниот циклус. Јас секогаш давам 200 % за клубот и репрезентацијата, секако ќе ми биде многу драго да почнам да погодувам и во националниот дрес, различно е чувството кога даваш гол за репрезентацијата и се надевам и се надевам дека ќе ја искористам шансата ако ми се укаже.

Селекторот Боби Милевски од денес на располагање ќе го има комплетен состав со приклучувањето доцна попладне на Бојан Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2024 15:49