Македонската фудбалска репрезентација втор ден се подготвува во Анталија за претстојните пријателски натпревари против Молдавија и Црна Гора на неутрален терен.

Репрезентативецот Агон Елези истакна дека резултатот нема да биде во втор план, иако пред избраниците на селекторот Благоја Милевски се контролни натпревари.

„Секогаш кога се игра за Македонија, не само играта, туку и резултатот е многу важен, иако станува збор за контролни натпревари. Тоа ќе ни даде дополнителен импулс и зголемување на самодовербата за следните натпревари“, изјави играчот за врска на германски Бохум.

Прв противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски во 2024 година ќе биде селекцијата на Молдавија, а делот е закажан за 22 март во спортскиот комплекс „Мардан“ во Анталија со почеток во 15:30 часот.

На истиот стадион македонските фудбалери на 25 март ќе играат против Црна Гора. Дуелот е закажан со почеток во 18 часот.

„Се надевам и очекувам да ја задржиме позитивната атмосфера од последниот собир. Двата меча се одлична подготовка за предизвиците кои ни следуваат. Молдавија и Црна Гора се одлични селекции, ние имаме нова генерација и ни требаат вакви натпревари“, додаде Елез



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2024 17:32