Шпанскиот фудбалски прволигаш Гранада го назначи денеска 55-годишниот стратег Хозе Рамон Сандовал за нов тренер.
Шпанскиот стратег доаѓа на местото на Уругваецот Алехандер Медина (45), кој на клупата остана само четири месеци.
Сандовал по подолг период се враќа во Гранада на чија клупа седеше во сезоната 2015/16.
Гранада е на претпоследното место во Ла Лига со 14 бодови од 28 натпревари.